Добре дојдовте во Студио Размер
Во Студио Размер, архитектурата ја разбираме како процес на пронаоѓање на вистинската мерка помеѓу потребите на човекот, можностите на просторот и идејата што сакаме да ја реализираме.
Веруваме дека архитектурата не започнува само со формата, туку со разбирањето на потребите, контекстот и односите што го определуваат еден простор.
Дури потоа доаѓаат формата, материјалите, светлината и сите други елементи преку кои идејата станува архитектура. За нас, добриот проект не е само визуелно привлечен простор, туку простор во кој функцијата, естетиката и начинот на живеење или работење се поврзани во една логична целина.
Она што ни е особено важно, е да го задржиме личниот однос кон секој проект и континуитетот во неговото развивање. А тоа вклучува просторот да има сопствен идентитет, но и вистинска, долгорочна вредност за луѓето што го користат.
Затоа што, архитектурата не ја создаваме само за да изгледа добро, туку за да функционира беспрекорно и да одговори на животот што се одвива во неа.
