За Нас
Марија Иванова Пецева
Во 2019 година магистрира на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Својата професионална кариера ја започнува во 2017 година како самостоен архитект, а во 2019 година се приклучува на Pearl Homes (САД), каде што има значаен придонес во унапредувањето на архитектонскиот и ентериерниот израз на компанијата, преку префинет и минималистички пристап во дизајнот.
Ристо Пецев
Во 2017 година магистрира на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во текот на своето академско образование, во 2016 година бил ангажиран како демонстратор на Катедрата за архитектонско проектирање 1 и на Интегративното студио.
Во периодот од 2017 до 2022 година работи како архитект и координатор на проекти во приватно архитектонско биро во Скопје.
Нашата страст кон архитектурата ја вложуваме во секој проект. Во соработка со клиентите, развиваме внимателно осмислени решенија што ги поврзуваат нивните визии со функционалноста и карактерот на просторот.
📷 Martina Salova Cheshnovar
